Водителка Леа Киш еднаш откри дека ѝ било одбиено од плата поради музичката ѕвезда Јелена Карлеуша.
Во нејзината емисија, на телевизијата каде што работеше во тоа време, Карлеуша ја донесе на гости, а тоа скапо ја чинеше.
– Никогаш не сум била во ничиј клан. Бев доволно храбра да можам да ги донесам моите гости во секое време, без разлика на уредникот. Карлеуша тогаш не беше на списокот за да може да влезе во медиумската куќа каде што работев, но беше актуелна и ја поканив. И тогаш добив намалување на платата, но имав одлично шоу – призна таа и додаде …

– Никогаш не сум подлегнала на влијанија, уцени или забрани. Многу пати бев казнета. Ете, Јелена доби забрана, но решив да ја поканам, што можеше да се случи? Емисијата беше во живо. Единствено што можеше да направи уредникот е да ми се јави и да ми каже дека сум суспендирана или да ми одземе 50 отсто од платата“, изјави водителката во интервјуто.

– Мислам дека е минлива фаза и дека работите ќе си дојдат на свое место. Потребно е уште малку кал да излезе, а потоа чиста вода и секој со вистински вредности ќе си дојде на свое место. Не може вака вечно, само трудот, квалитетот, упорноста и одговорноста можат да донесат резултати и ништо друго“, објасни водителката за „Гранд“.
фото: printscreen/instgaram/leakisjokic





