Радио Милева нештата се менуваат

Дарко Лазиќ глумеше воздржаност за изјавата на Аца Лукас дека бил интимен со Ана Севиќ, ама на крај не додржа – „Искрено, не е во ред“ (фото)

Дарко Лазиќ глумеше воздржаност за изјавата на Аца Лукас дека бил интимен со Ана Севиќ, ама на крај не додржа – „Искрено, не е во ред“ (фото)

Аца Лукас изненади многумина откривајќи ги деталите од аферата со Ана Севиќ. За време на едно гостување, тој призна дека имал интимни односи со колешка, со која претходно го поврзуваа, пред нејзиниот брак со Дарко Лазиќ, но и подоцна, кога Вуксановиќ требаше да се разведе од Соња.

Сите ја чекаа објавата на Дарко Лазиќ која сега ја даде за српските медиуми глумејќи воздржаност.

– Не би сакал да навлегувам во тоа, не е мое место да се мешам, не би сакал да коментирам ништо околу тоа. Искрено, не ми е гајле, можеби не требаше да каже такво нешто, искрено, не е во ред, Ана има семејство, но тоа е негова работа, тоа е Аца Лукас – изјави Дарко за Блиц.рс

Да потсетиме, додека пејачката го тужеше Лазиќ за нередовна исплата на издршка за нивната ќерка, а Дарко тогаш ја обвини дека му била неверна.

-Знаев дека ме изневерува и молчев да видам до каде ќе оди. Само требаше да ми каже дека е заљубена. Ја прашав илјада пати, таа негираше. Сите знаеја, вклучително и јас, дека таа се однесува лудо. Цел град ме исмејуваше. На крајот му се јавив и го прашав дали е со жена ми, ми рече: „Не друже, тукушто излезе од работа“. Се обидов да го убедам со зборовите: “Не биди груб, кажи ми. Не прави мајмун од тебе и од мене. Ако сте заедно, заедно сте, се обидов да го убедам, но тој негираше се” – изјави еднаш Дарко.


Парот несогласувањата ги остави зад себе и денеска се во одлична врска, а Ана Севиќ и нејзиниот нов сопруг Даниел Недељковиќ се чести гости на прославите на Лазиќ и неговата сегашна сопруга Катарина.

– Сега сме како семејство. Секогаш кога, тие можат да дојдат на мојот настап. Врската што ја имаме би ја посакала на секој што има втор брак. Имаме најздрава можна врска“, заклучил Дарко.

фото:You Tube printscreen/ In Production Official/aleksandar_vuksanovic_official

To top