Повеќе од 300.000 прегледи, околу 18.000 „лајкови“, скоро 1000 коментари и приближно 700 споделувања има карактеристичната „селфи“ фотографија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вчерашниот голем митинг на оваа опозициска партија пред Владата на Македонија.
Бројките се дефинитивно немилосрдни за оние кои не можат да ги достигнат, а мотивирачки за оние кои ќе ги воздигнат. После ваква популарност, не само што на доскорешната власт и се „тресат гаќите“, туку многумина и од познатите македонски јавни лица, повеќе или помалку влезени во инфлуенсерските води, се сериозно загрижени!
Лила, Миа Костова, Лазаров, Агнеса, Марјана… и оние помладите од останата „дечурлаана“ останаа подзинати. Која ли е тајната, кава ли е магијата до патот до успехот, за да постигнеш ваков резултат е дилемата што го мачи секој кандидат за инфлуенсер на годината?!
Тие рекламираат разно – разни производи и услуги, повеќе и помалку познати брендови и марки, ама сепак далеку се од вакви бројки! За политичките опоненти и да не зборуваме… Нив смешно е и да ги спомнуваме! И ако македонските инфлуенсери останаа загрижени дека Христијан Мицкоски на една вечер им ја „украде славата“, политичките противници се „на апарати“… Оти им е јасно дека Мицкоски ќе (им) ја однесе победата!
Зашто тие ниту имаат таква харизма, ниту имаат ваква понуда, а уште помалку со себе носат некаква промена… Напротив, ним нема да им помогне ниту една гласачка машина зашто за овие 7 години владеење, зад себе оставија само пустош и прашина!
Затоа и народот во оволкав број застана зад селфито на Христијан… А кога ќе дојде денот, ќе застане и зад објективот на селфи камерата која ќе ја овековечи победата!
Според бројот на прегледи, лајкови и шерови, Мицкоски уште сега можеме да го прогласиме за инфлуенсер на годината. По 8-ми мај и политички инфлуенсер на победата, за една многу подостоинсвена, горда и… повторно твоја Македонија!
Инаку на митингот на ВМРО-ДПМНЕ од каде е споменатото селфи, на кој според известувањата присуствуваа околу 50.000 граѓани, беше промовирана кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, а свое обраќање имаше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски, кој најави голема народна победа и на претседателските и на парламентарните избори.
Фото: Facebook/Христијан Мицкоски