Радио Милева лавина коментари

Однесувањето на Џеј Ло кон нејзината асистентка ја згрози јавноста (видео)

Однесувањето на Џеј Ло кон нејзината асистентка ја згрози јавноста (видео)

Едно видео, а многу негативни коментари. Видеото кое покажува што направила Џенифер Лопез за време на снимањето на еден филм предизвика лавина критики.

„Срамотно однесување“, гласи острата реакција. Што ги згрози луѓето толку многу?

@requination

Jennifer Lopez spits chewing gum into assistant’s hand #jenniferlopez #benaffleck #bennifer #rqn #requination

♬ original sound – Requination

На видеото се гледа како Џеј Ло плука гума за џвакање во раката на нејзината асистентка, а истото било направено за време на едно снимање во Њујорк. Се коментира дека дури и Џеј Ло да била среде снимање филмска сцена, можела „да побара салфетка од асистентката, да ја фрли во корпа за отпадоци, па дури и да ја плукне на земја“. Други го бранеле овој потег, тврдејќи дека тоа е вообичаена појава на филмските сетови, но за многумина било неприфатливо.

„Толку непристојно и гадно однесување. Нема причина да се однесувате вака со вашите вработени“, „Ова е гадно. Нема доволно пари на светот. Зарем не можела да ја плукне гумата за џвакање на друго место?, „Ова е толку неетички. Манири, Џеј Ло! Манири!“, „Грозно, таа не е нејзина слугинка“, „Колку повеќе слушам за Џеј Ло, толку станува полошо“, „Оваа жена отсекогаш била толку одвратна, ова не е нов доказ“.

Коментарите се прилично остри, но треба да се споменат и различните реакции кои посочуваат дека од актерите на сетот се бара да џвакаат гума за џвакање за да го прочистат грлото или да го освежат здивот поради сцени со бакнување.

„Очигледно не знаете колку често тоа се прави на снимање… не е само таа“, „Џвака гума за џвакање за да го одржи здивот свеж. Додека камерата е вклучена, таа не може да ја фрли во канта за отпадоци, па ѝ е потребна асистентка“, гласат коментарите, а некои посочуваат и дека асистентката носела ракавици.

Видеото е инаку снимено пред 6 години, но сега повторно стана вирално на социјалните мрежи.

фото:Instagram printscreen/ J lo

To top