Почетокот на месец февруари е особено посебен за поранешниот македонски ракометар и репрезентативец, Борко Ристовски кој сега ја извршува функцијата министер за спорт.
Тој и неговата сопруга Николина Ристовска пред две години беа благословени со уште една рожба, ја добија ќеркичката Анастасија која ја комплетираше семејната слика.
Анастасија веќе потпорасна и со русата кадрава коса и крупни сини очи, наликува на мала кукличка.
За убавицата, мама Нина, тато Борко и бато Душан, организираа роденденска забава по сите салтанати како што е ред за еден детски роденден.
Освен „бејби шарк“ веројатно омилениот цртан лик на малечката, тука беше и Спајдармен за бато, за да има баланс и никој да не биде налутен.
Гордите родители направија се’ да биде шарено, убаво и весело, да бидат задоволни сите, најмногу роденденката, а секако и сите присутни дечиња и останати гости.
Нивните среќни мигови, мама Нина ги објави на Фејсбук, па таму ги дособраа сите честитки и внимание.
Среќен роденден!
фото:facebook/ Nikolina Nina Ristovska