Радио Милева веќе нема дилеми

Љубовникот на Љупка Митрова неодоливо потсетува на нејзиниот татко: Атрактивната струмичанка јавно го „покажа момчето на виделина“ на нивната прва љубовна годишнина (ВИДЕО)

Љубовникот на Љупка Митрова неодоливо потсетува на нејзиниот татко: Атрактивната струмичанка  јавно го „покажа  момчето на виделина“ на нивната прва љубовна годишнина (ВИДЕО)

Веќе нема дилеми… Откако неодамна ја отвори душата и јавно призна дека речиси цела година повторо го има отворено срцето за маж во нејзиниот живот, Љупка Митрова емотивната врска јавно ја обзнани. Но не ја овековечи со фотографија иако уште летоска сподели неколку за кои никој освен најблиските не знаеа дека тоа е тој – нејзината нова љубов.

И додека медиумите нагаѓаа во чија тоа прегратка ужива атрактивната струмичанка, Љупка мудро молчеше споделувајќи соло фотографии од различни екстравагантни локации и бројни егзотични дестинации во коиои ужива, покажувајќи го сиот свој раскош кој го поседува… И материјален и телесен!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Но, откако јавноста најпрвин го дозна името на човекот кој по „Големиот брат“ од Куманово, нејзиното срце по подолго време го освоил одново, а потоа и кој кумувал на познанството и почетокот на нејзината најнова љубовна идила, прославата на првата љубовна годишнина беше добра прилика атрактивната струмичанка и јавно да го покаже „момчето на виделина“!

Софија, вајберот и снегот – „стројници“ на нејзината нова љубов: Љупка Митрова е „заљубена до уши“, од „горе до доле“ во еден… Џоле!

Егзотичните Малдиви, облеани со сонце, опкружени со цвеќиња, зеленило, песочни плажи… како рај, исполнет со љубов и среќа беше локација одбрана за интеракција помеѓу струмичката инфлуенсерка и модел, нејзиниот љубовник и јавноста, за визуелна промоција на нивната врска. И тоа токму на годишнината во која цвета љубовта… барем засега!

Нивната едногодишна љубовна приказна осамна преку дузина фотографии и видеа на профилите на социјалните мрежи на Љупка… Статични и подвижни слики кои обилуваат со егзотика, луксуз, гламур и еротка…

Од разголени соло пози во базенот, топлес прегратки гради в гради и бакнежи под тушот, како мала увертира на она што следува.

 

Романтична вечера за двајца на зајдисонце како од бајките, размена на погледи и нежности со чаша сортно вино и порција морски плодови…

За загревање на атмосферата која подоцна ќе еруптира како вулкан во широката брачна хотелска постела, жешка како фурна… Зашто на ваков ден, ноќта мора да била повеќе од бурна!

Утрото велат е попаметно од ноќта, ама после ваква ноќ, најдобро е денот да ти започне со ладење (и појадок) во базенот.

Сепак она што е мошне евидентно и воочливо, се две неспорни нешта.

Струмичкиот модел и инфлуенсерка Љупка Митрова е дефинитивно одново вљубена… и тоа „до уши“!

Само што овој пат нејзината нова љубов дефинитивно барем физички, неодоливо потсетува и личи на нејзиниот татко, богатиот струмички бизнисмен и градежен инвеститор, Горан Митров – Г’на.

Со што само уште еднаш се потврдува старата добра теза, дека и во својот иден маж го бара својот сакан татко, секоја „татина принцеза“!

Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova

 

 

To top