Премиерот Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер од Балканот кој присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, остварил средба со повеќе високопозиционирани личности во американското општество.
Покрај луѓето од бизнис секторот Мицкоски оствари и средба со некои од најпознатите ТВ лица од американскиот медиумски крем. Меѓу останатите македонскиот премиер објави и фотографија и со познатата и мошне влијателна американска новинарка и ТВ водителка Мегин Кели.
„Разговор со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Мегин Кели (Megyn Kelly)“ – објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Фото: Фејсбук/Hristijan Mickoski и The Megyn Kelly Show – принтскрин