Фолкерот Дарко Лазиќ настапи на новогодишната ноќ во Белград, а на неговиот настап дојде и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена.
Имено, Ана дојде со сопругот Даниел Недељковиќ на настапот на нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ, а таму беше и новата сопруга на фолкерот Катарина.
Поранешната и сегашната сопруга фантастично се забавувале на новогодишната ноќ, а доказ за тоа е фотографијата која ја објавија на Инстаграм.
Двете се насмевнаа и позираа покрај своите сопружници на кои очигледно не им пречи нивното друштво.
Лазиќ во интервју за „Блиц“ откри по што ќе ја памети претходната година, но и што посакува оваа година.
– Во Новата година влеговме расположени, се е феноменално. Не би сакал да се враќам назад, животот нè учи само да одиме напред и никогаш да не гледаме назад, затоа што човек кој гледа назад не може да успее во животот. Претходната година имаше многу убави моменти, но тие моменти ги земаме со нас, а грдите ги оставаме зад себе – рече тој и додаде:
– Секогаш го сакам истото. Љубов, здравје и мир.
Лазиќ се осврнал и на тоа што Новата година ја дочекал со поранешната сопруга и нејзиниот сопруг и истакнал дека функционираат како едно големо семејство.
фото: printscreen/instgaram