Радио Милева „селска идила во урбаната џунгла“

Македонската пејачката во чудна придружба среде Белград: Ако пиеш кафе со Тијана, мора да си овца!? (ФОТО)

Македонската пејачката во чудна придружба среде Белград: Ако пиеш кафе со Тијана, мора да си овца!?  (ФОТО)

Македонската пејачката со долгогодишна адреса на престој во српската престолнина, неретко знаела да изненади, не само со своите песни, туку и со својот имиџ, изјави, однесување… Белград до душа е полн со „чудаци“, ама кога среде центар ќе сретнете познато и пиопуларно лице како што е наша Тијана Дапчевиќ шокот ќе ви биде неколкукратно поголем кога ќе ја видите во најнеочекувано издание. Или поточно во неприродна или најблаго речено, чудна придружба.

Случајните минувачи мора да биле запрепастени кога се соочиле со ваквата слика, кога се нашле во ситуација да налетаат на Тијана која среде центарот мирно се шета со домашно животно, што е својствено за престој на бачило, а не во урбаниот метеж на главниот град.

Во ред, секој има свој круг на блиски луѓе, меѓу нив и по некој чуден пријател со куќен миленик кој лази, ползи, мјаука, лае или клоца… Ама за да пиеш кафе со Тијана, мора да си овца!

Така барем изгледа и личи на фотографиите, што пејачката ги споделила, а јавноста остана шокирана и вчудовидена!

И не само тоа… Пејачката со својот рунтав, волнен миленик се фотографирала и додека се шета, со тоа што својата „животинска фарма“ ја збогатила со уште една егзотична придружничка, само овој пат позната птица со перје бело, која најчесто ја среќаваме во село! Па излегува дека ако сакаш да се шеташ со Тијана мора да си или овца или кокошка, во случајов петел или… и двете!?

И сето ова ќе изгледаше како  „селска идила во урбаната џунгла“ да не е појаснувањето дека всушност домашните животни се дел од декорот за фотографирање при недна наменска фотосесија на нашата пејачка. Уметнико заедно со неа веројатно сакал да ги олицетвори „селанштината и кичот“ што царуваат на турбо фолк естрадата, па дошол до генијална идеја како тоа ем сликовито, ем духовито да го претстави!

Ако е така, Тијана е онаа вистинската… Максимално урбана, ни минимум селска… Кај неа за шунд и кич, муабет не правиме ич! Зашто толку урбан и е стилот што од „турбо“, кај неа  може да биде евентуално само моторот на автомобилот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Djurisic (@minimalac)

Фото: Инстаграм/tijana.dapcevic

 

To top