Мегафон Во Македонската филхармонија...

Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ заокружен со завршен концерт

Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ заокружен со завршен концерт

Во саботата вечер, 7-ми декември 2024 година во Македонската филхармонија музичкиот проект „Македонијо – во срце те носиме“ успешно ја заокружи повеќе од двегодишната приказна која се раскажа во речиси сите македонски градови, а на завршниот концерт присуствуваше речиси целиот државен врв, од претседателката Гордана Сиљановка-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, до бројни министри и претставници на политичкот и културниот живот.

Публиката уживаше во веќе добро познатите 12 нумери, но и три нови преработки специјално спакувани за синоќешниот концерт – „Молитва“ на Миле Барбаровски која што ја отпеа Бојана Скендеровски, „Како пиреј“ Ламбе Алабаковски, а „Има една земја сонце што ја грее“ ја отпеаа Сузана Спасовска и Александар Тарабунов. За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери беше задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар музицираше под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Продукцијата Скендеровски на авторите на песните им врачи признанија, а признание доби и министерот за култура Зоран Љутков за поддршката на целиот проект.

To top