Пејачката Тања Савиќ, една од најуспешните пејачи на првата постава на „Ѕвезде Гранда“, го одржа својот прв голем солистички концерт во преполната белградска Арена, прославувајќи 20 години од успешната музичка кариера.
Еден од најубавите моменти на вечерта беше настапот на нејзиниот колега и пријател Бане Мојиќевиќ, кој единствена од првата генерација на „Ѕвезде Гранда“ ја прифати нејзината покана и гостуваше на концертот.
Пејачката Надица Адемов која беше во публиката сподели фотографии од преполната Арена и со насмевка и честиташе на Тања.
– Сето ова го заслужи – напиша Надица која уживаше во секој момент од концертот.
И Карлеуша јавно и честиташе на Тања Савиќ.
– И честитам на драгата Тања Савиќ за прекрасниот концерт во белградска арена. Жал ми е што не можев да дојдам да ја поддржам, но сигурна сум дека ќе има можност – напиша Карлеуша и додаде:
– Тања заслужува голема сцена! Конечно полна Арена без маси, пејачка без часовник, културни и елегантни фустани, далеку од стомачен танц и ориент , дама, добар човек кој секогаш имал пофални зборови од мене и добра пејачка – рекла Карлеуша за колешката.
фото:instagram printscreen/ tanja_savic_private