Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, а сега и Дубаи, велешката Гранд ѕвезда Мики Секуловски повторно беше вокално надополнување на сцена заедно со балканската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, овој пат со арапски вибрации од еден елитен ноќен клуб во Емиратите.
Мики ова веројатно не би можел да го замисли и претпостави дека би му се случило дедека работеше во Белгија како келнер, а музичката кариера во тоа време ја остави како опција за некогаш и некаде.
Тоа некаде му се случи бомбастично откако Цеца му стана менторка во популарното музичко шоу.
View this post on Instagram
За големата Цеца пак, ниеден настап не поминува без Мики кој редодовно е придружен вокал, секогаш и секаде.
Мики е турбо со работа, пее не само со Цеца, туку и сам низ Македонија.
Во Дубаи на истата сцена заедно со Мики беше и Јулија Петровиќ, истот така учесничка од „Гранд“ која своевремено ја поврзуваа дека е во врска со Секуловски, но тоа остана само на шпекулација и ништо повеќе.
Во Дубаи Цеца леташе со снаата Богдана, сестрата Лидија, ама и со Мики и Јулија кои сигурно имаа едно незаборавно доживување кое ќе го паметат од ОАЕ.
фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic/ miki sekulovski