Радио Милева Светска убавица

Моника Белучи како божица на убавината: Погледите на сите вперени во деколтето и шлицот (фото)

Моника Белучи како божица на убавината: Погледите на сите вперени во деколтето и шлицот (фото)

Италијанската актерка Моника Белучи позираше во прекрасно кожено палто во хит кафената боја, која и е омилена боја за оваа сезона, а потоа во два атрактивни црни фустани – едниот од тул и ја открива облеката, додека другиот изгледа како тоалета од црвениот тепих, со огромен шлиц.

Ел ја покажува безвременската убавина на Моника Белучи, а оваа серија слики ја коментираат вака: „Таа не беше убава само во младоста, таа е безвременска роза“, „Останав без здив“, „Преслатка “, „Те сакам, Моника“.

Фотографиите и се допаднаа и на колумбиската актерка Софија Вергара.

Моника Белучи, која на 30 септември го прослави својот 60-ти роденден, носеше креации од модните куќи Miu Miu, Balenciaga, Celine и Alexandre Vauthier како и накит од Cartier, а познато е дека е заштитно лице на овој престижен бренд.

Фризурата ја дизајнираше нејзиниот долгогодишен фризер и пријател Џон Нолет, кој е сопственик на салонот Карита Париз. За стајлингот беше задолжена стилистката Барбара Баумел.

фото: printscreen/instagram

To top