При крајот на месец август на социјалните мрежи проструи вест дека нашата поп дива Калиопи починала!
Ова беше лажна и бизарна тревога која растревожи многумина, најблиските на пејачата, фановите, а особено неа која остана запрепастена до каде може да отиде нечовечноста.
Тоа беше еден од најлошите форми на измама со лажни вести и злоупотреба со ликот и делата на познати личности, но Калиопи по се изгледа е една од нејчесто злоупотребените.
Калиопи ја умреа: Лажната вест на социјалните мрежи ја вознемири Македонија
Иако таа и нејзиот тим реагираат навремено во соодветната институција и секторот за компјутерски криминал, на ваквите злоупотреби не им се гледа крајот. Секогаш нови измислици, а сега повторно се појави нова со измислено и намонтирано интервју, по кое Калиопи повторно се обрати на своите профили на социјалните мрежи.
-Почитувани,
Би сакале да ве информираме дека на друштвените мрежи повторно се појави лажна вест каде што измислени профили споделуваат лажно и монтирано интервју со Калиопи преку кое рекламираат свои производи. Случајот ќе биде пријавен до соодветните служби одговорни за овие проблематики, а истовремено би сакале да упатиме апел да не потпаднете под влијание на истите.
Со почит, Калиопи Менаџмент- стои во реакцијата.
Кога и дали некогаш ќе се види светло од тинелот на лагата останува да чекаме… за жал.!
фото:Instagram printscreen/