Владимир Блажев, ака Панчо ДНК е познат по својот отворен пристап и јавни изјави, екстровертен, директен и без влакнна на јазик кога нешто не му се допаѓа.
Она што е слика на социјалните мрежи, па дури и во реалноста, не секогаш е вистинската за она што вистински се случува., го гледаме и го замислуваме како совршенство, е тоа на Пане ич не му ќеф.
Панчо сега преку една своја јавна изјава уште еднаш ја искажа својата аверзија, ама овој пат во однос на македонската естрада, па напиша:
-Какво лицемерие постои на „естрадава“ што ја немаме, леле мори мајко мила. Што се’ се изнагледав деновиве божеее. Многу сум среќен што не сме дел од истата, т.е не сме естрада.
Што конкретно го поттикна за вакво обраќање не дополни во продолжение. Според него сосема доволно за да се пронајдат оние засегнатите, а за јавноста остана недокажан за детали кои најверојатно ќе даде во свое продолжение и ќе ги тргне прашалниците на кого и на што тоа мислеше за неговите музички колеги.
фото:Instagram printscreen/ djshortypofficial