Радио Милева Животот пишува романи

Кога „бутикот за книги“ ќе ти откаже, а „бутикот за алкохол“ ќе ти се најде: Битолчанецот Златко Симовски имаше необична промоција на својата книга (ФОТО)

Кога „бутикот за книги“ ќе ти откаже, а „бутикот за алкохол“ ќе ти се најде: Битолчанецот Златко Симовски имаше необична промоција на својата книга (ФОТО)

„Животот пишува романи“ – е стара проверена фраза, но многу вистинита. Пишуваат всушност луѓето, не ретко инспирирани од сопствените или туѓи животни искуства, од она низ што се минува во животот, низ еазно-разни ситуации и случки, каде и да се, што и да работат, во какво и да живеат опкружување… Дури аи ако животот ви е секој ден на различна дестинација низ свеѕтот, секој миг во движење, секое застанување закотвени на ново пристаниште. каков што бил животот на авторот   на книгата „Животот на еден морепловец“, која самата по себе е вистински раритет. Од тоа каде се е пишувана и во какви услови, до тоа каде ккаде и како ја доживеа својата јавна промоција.

Имено, битолчанецот Златко Симовски, поранешен вработен на брод за крстарење (крузер) е автор на книгата „Дневникот на еден морепловец“, издадена под псевдоним Теодор Кузман која на 24 октомври 2024 г. во бутикот за алкохол „Гермит“ во новиот пазар во Битола ја доби својата промоција.

За ова дело, напишано за време на првиот 8-месечен работен договор на брод за крстарење на авторот, но и за избраното место за овој настан, тој за порталот babambitola.mk ja раскажа  оваа необична сторија:

“Книгата се состои со интересни приказни, кршење правила, смешни ситуации, макотрпна работа (од соништата), ‘издувни вентили’, себеспознавање, забави со неизвесен исход, чудни верувања и прехранбени навики, добри дела. ‘Дневникот на Еден Морепловец’ е прозорец кон еден сосема поинаков и возбудлив свет.

Што се однесува до местото за промоција, тоа не е избрано поради тоа што и мојата книга содржи неколку проценти алкохол и таму би се чувствувала како дома. Ниту поради фактот што никогаш не сум излегол на по некој пијалак со другарите, туку секогаш сме оделе ‘Да прочитаме по некоја книга’. Се работи за вродена потреба да живеам надвор од секој шаблон, а неодамна, локалната книжарница од каде што цел живот купувам книги ме мотивира да го направам тоа и со мојата книга“ – вели авторот и продолжува:

„Со чувство на неизмерна возбуда, тоа утро отидов во книжарницата со намера да договорам термин за промоција и продажба на мојот дневник. И се до влезот во тој објект, мојот дел беше завршен беспрекорно: Книга напишана во сурови услови и со нестандардна и интересна тематика (книгата е пишена секоја вечер после 15-тина часови работа), испечатена без поддршка од министерства или издавачки куќи, еден куп позитивни коментари од оние кои веќе ја прочитале, и во книжарата е влезено со десна нога“ – раскажува Златко и додава:

Но, неколку моменти подоцна, сопственикот ме изненади како јануарски снег – ми кажа дека престанале да продаваат книги од македонски автори а со тоа немало смисла во неговата книжарница да се прави промоција на македонска книга. Верувајќи дека сум тропнал на погрешна врата, првично сакав да продолжам да барам, но…“ – го евоцира моментот битолскиот морнар.

“Пријателе, одамна не си излегол од матрицата, а и овај шамар ти е добар знак. Промоцијата не мора да биди во книжарница, не мора да биди на правоаголна маса со бел чаршав, и не мора да се чувствуваш непријатно во сопственото одело тој еден час,” ми кажа внатрешниот глас, а јас продолжив кон следниот објект на патот, ‘Бутик за Алкохол – Гермит’. Таму, за среќа наидов на разбирање од сопствениците, кои, имам впечаток дека повеќе од почит кон мојот труд ми дозволија промоцијата да ја направам во нивната продавница“ – сумира авторот  „Дневникот на еден морепловец“.

За крај, порака до читателите (исто и до книжарниците и издавачките куќи). Поддржете македонски автори. Нивните книги можеби не се напишани на изолирани плажи и во планински куќарки, но произлегуваат од вистината и животот”.

Колегите од ББ за крај велат: „Златко лично не го познаваме, бутикот за алкохол „Гермит“ не ни е спонзор ниту досега сме соработувале заедно и тоа не е причина да не ги споменеме или да му излеземе во пресрет како нив така и на било кој друг. Битолски е да се поддржуваме меѓусебно. Нека е аирлија и честито промоцијата“.

Ние би додале: „Промоцијата нека е  наздравје, ама со усул… А книгата, оваа или било која друга…?  Нивната содржина слободно ‘конзумирајте’ ја во неограничени количини“!

Извор:  babambitola.mk

To top