Атрактивната пејачка Марија Данева која публиката ја препознава по моќниот вокал и фантастичните ноќни забави заедно со „Stand by Band“, одлучија на македонската јавност да и го подарат своето првенче, вчера ја промовираа песната „Љубов“ .
„Љубов“ е авторско дело на Сашо Стојановски (свири на тапани во бендот) во делот на музиката и текстот додека аранжманот е на Бобан Василевски. Песната си доби свој видео запис кој беше снимен на повеќе локации во Скопје.
„Создадовме песна и спот со многу љубов, самата енергија додека ја снимавме песната, позитивната атмосфера за време на снимањето на спотот, синергијата помеѓу сите нас се еден одличен показател кој говори дека сме направиле вистински избор на песна како наше првенче“ – изјави Марија Данева на промоцијата и најави поголема активност со својот бенд на македонската музичка сцена.
Песната си доби свој видео запис кој беше снимен на повеќе локации во Скопје.
Се работи за моќна динамична песна во поп рок стил, со рефрен кој освојува.
фото:Приватна архива