Радио Милева интересна одлука

Сестрата на Луна Ѓогани има нова работа: Нема врска со естрадата и е исклучиво за девојки (фото)

Сестрата на Луна Ѓогани има нова работа: Нема врска со естрадата и е исклучиво за девојки (фото)

Ќерката на Анабела Атијас и Гаги Ѓогани, Нина Ѓогани беше во сенка на нејзината постара сестра Луна, која се прослави во реалното шоу, но тоа сега може да се промени.

Таа одлучи да започне самостојна кариера, но не естрада, како што многумина шпекулираа.

Нина реши да се занимава со фитнес. Оваа млада инфлуенсерка која до сега заработуваше преку спонзорирани објави на социјалните мрежи, реши својата страст за фитнес да ја претвори во професионален ангажман и почна да работи како личен тренер во теретана.

– Девојки, отсега можете да закажувате лични тренинзи со мене – стои во описот на објавата на Нина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina (@nina_djoganii)

Она што особено го привлече вниманието на јавноста е фактот дека Нина сака да работи исклучиво со женска клиентела.

Оваа одлука предизвика различни реакции кај нејзините следбеници.

Да потсетиме, Нина пред неколку месеци беше фотографирана пред Централниот затвор во Белград, а потоа призна дека нејзиниот партнер е приведен.

фото: print Screen/Instagram

To top