Радио Милева сочни детали

„Тој човек очигледно многу ме сака“: Гоца Тржан откри низ што поминал Раша поради неа (фото)

„Тој човек очигледно многу ме сака“: Гоца Тржан откри низ што поминал Раша поради неа (фото)

Пејачката Гоца Тржан е во хармоничен брак со помладиот тапанар Радомир Раша Новаковиќ. И покрај разликата во години, двајцата имаат хармоничен однос, а Гоца неодамна ги откри сочните детали од врската со Раша.

– Мажот кој влегува во врска со постара жена која има дете е повеќе од храбар маж. Зошто? Затоа што не носиш само дете во тој брак, ги носиш и поранешниот сопруг, поранешната свекрва и поранешната фамилија, а јас како Гоца Тржан не го донесов само тоа, туку донесов и  медиумски глупости – истакна пејачката.

– Тој човек очигледно толку многу ме сака и ми е толку посветен и затоа заслужува да му ги измијам нозете кога ќе дојде дома. Не му ги перам стапалата, но понекогаш кога ќе видам дека е уморен, му ги масирам. Никогаш не дошол дома без јас да го чекам без разлика колку е часот. Дури и да заспијам затоа што слушам дека е доцна и дека дошол, станувам да го прашам дали е уморен или гладен – додала Гоца.

Да потсетиме, Гоца неодамна зборуваше и за својата интимност, која призна дека тоа го смета за исклучително важна тема за разговор.

– Големината не е важна ако партнерот знае што прави. Кога бев помала експериментирав, имав интимни односи на разни места, но најрелаксирана сум во спалната соба. Секако, гледам дека луѓето се уште се згрозени кога некој отворено зборува за секс, но мислам дека тоа е важна тема за сите нас како општество. Родителите треба да разговараат со децата а себе за подоцна да не излезат работи кои се многу потешки за поднесување – изјави тогаш Гоца Тржан.

фото: printscreen/instgaram/gocatrzan

To top