Првите состаноци не се секогаш најпријатното нешто што го правиме. Речиси секогаш постои страв за што да разговараме со личноста што седи спроти нас и што да им откриеме за нас.
Секако, покрај некои основни прашања за тоа каде работи човекот, што работи, колку години има, има уште неколку прашања кои можат да го продлабочат разговорот и да го направат интересен.
Како што пишува joinonelove, овие 10 прашања треба да ги поставите на првиот состанок.
1. Што те прави единствен/а?
2. Кои се некои случајни забавни факти за тебе?
3. Во што сакаш да бидеш подобар?
4. Дали повеќе би…?
5. Кажи ми некоја шега
6. Што најмногу те нервира?
7. Кажи ми ја најнепријатната ситуација што ти се случила
8. Кое е твоето омилено место или земја? И зошто?
9. Кои се посебните луѓе во твојот живот?
10. На што најмногу се гордееш?
Извор: Попара