Радио Милева Од ДО до ДО...  

Гуте Маринковиќ и Елена Миленковска се забавуваа во постела: Пејачот не успеа да го погоди дупчето од прва до крај, па тој дел го прескокна, но продолжи вербално да општи за нешто многу важно да соопшти (ВИДЕО)

Гуте Маринковиќ и Елена Миленковска се забавуваа во постела: Пејачот не успеа да го погоди дупчето од прва до крај, па тој дел го прескокна, но продолжи вербално да општи за нешто многу важно да соопшти (ВИДЕО)

Музичко-брачната „Гранд“ македонско-српска двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ важат за едни од најскладните и најхармонични сопружници на естрадата. Семента хармонија им е заеднички именител и во домот и во професијата, па неретко се пример за тоа како двајца млади естрадни уметници можат совршено да функционираат и во професијата и во животот.

Хармонијата во музиката сите знаат како звучи, но хармонијата во домот или што би рекле народски „мирот в куќи“ подразбира и хармонична и складна интима, која не се состои само од физичко споделување љубов туку и заедничка забава.

Елена и Гуте токму овој пат решиле да си приредат малку забава и тоа во постела. Патем и да спојат убаво со корисно. Телефонот вклучен да снима, а пејачот подготвен да ги погоди сите дупчиња… Или можеби не баш сите? Уморен од серијата напорни ноќни настапи, тогаш кога помисли дека ќе може, му се случи да киксне… До душа не целосно, зашто речиси до пред крај добро се држеше, ама сепак…

Пејачот не успеа да ги погоди сите дупчиња од прва до крај, па тој дел го прескокна, но продолжи вербално да општи за нешто многу важно да соопшти.

Не знаеме што помисливте, на каква тоа брачна игра се однесува приказнава, за каква забава во постела се работи, па затоа редно е да објасниме.

Имено, Гуте отвори една интернет апликација во која вокалната умешност е клуч за успехот. Гласот мора точно да го погоди тонот за точката да мине низ дупчето… И се така по должината на целата скала… Од ДО (РЕ, МИ, ФА, СОЛ…) до она горно ДО!

Гуте се обиде, ама кога виде дека не иде, поучен од старото правило: „Ако не ти оди – прескокни го“ – тоа и го стори со последните два тона. Ама затоа не прескокна да сподели со кого дели постела додека се забавува, па заеднички со Елена ја соопштија веста што имаа намера да ја соопштат. А тоа е дека подготвуваат нова, заедничка песна, дует, која ќе има и свој водеоспот!

А дупчињата…? Белким кога ќе се одмори подобро ќе му оди, па пејачот ќе ги погоди… Сите до едно… Од долу до горе… До крај!  Од ДО до ДО!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Фото и видео: Инстаграм/gute.marinkovic

To top