Марија Спасовска чија пејачка, но и авторска кариера е во подем со најновата Инстаграм објава ја шокираше јавноста. Пејачката се спакува во два големи куфери и си замина од дома. Едноставно, Марија повеќе не живее тука!
И додека оние неинформираните останаа зачудени, што тоа и се случува на една млада тинејџерка за така набрзина „ да бега“ од дома, оние другите, добро упатените бргу сфатија во што е работата. А работата е во тоа што, како што самата пејачка вели: „Дојде моментот…!
Први октомври е датумот кога започнува новата акдемска година, а како што е помалку или повеќе познато, Марија Спасовска реши да студира во странство. Или поточно во соседството, откако годинава матурираше со одличен успех и се запиша на студии на еден престижен универзитет во Солун, Република Грција.
Денот на „разделбата“ е тука, а секоја разделба воопшто не е лесна, колку и да била таа само од привремен карактер. Дома си е дома, ама затоа пак новата средина е нов предизвик. И животен и едукативен, зашто стекнатото знаење и универзитетската диплома се вредни, но стекнатото искуство од живеењето сам во туѓа средина е исто така непроценливо.
Со кусо видеоклипче и носталгично прашење: „Дали сте се спакувале во два куфера, ама не за одмор туку за селење од дома?“ – Марија ја најави привремената разделба од татковината, родниот град, домот и семејството…
„Јас го направив тоа за прв пат во мојот живот и морам да признаам дека воопшто не беше лесно“ – сподели Марија, додавајќи што се’ спакувала за својата селидба „на одредено“ време!
Не им е лесно ниту на мама Вера и тато Столе, а како би им било кога нивното чедо за прв пат си оди на подолго од дома, па дури и ако е тоа само привремено. Но истовремено, горди и задоволни, среќни и радосни што нивната Марија започнува една нова животна ера, ново поглавје за идни животни достигнувања.
Конечно, Солун не така далеку, а сега и тие и целото семејство ќе имаат многу поголема причина, Солун „повеќе да биде и нивен“…!
Со тажен поглед и треперлив глас пејачката најпрвин привремено се прости од својот најдобар четвороножен домашен пријател, својоата клавинова (електричното пијано), а пото заклучи: „Собата никогаш не ми била волку празна“!
Но не за долго… „Се гледаме пак… за брзо!“ – се поздарви Марија отворајќи ја вратата од својот дом… Но и онаа од новиот животен предизвик кој несомнено ќе и донесе нова вредност, нов квалитет, нови знаења, искуства… Непроценливи за нејзината иднина!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/marija.spasovska