Поранешната кошаркарка која денес работи како фитнес тренер, Едина Муса, периодов е актуелна во медиумите поради својата бременост, но особено што е поразлична идна мајка која редовно е активна во теретана.
Иако Едина се уште остава простор за прашалници околу тоа кој е таткото на бебето кое го носи во стомакот, сега се реши дел по дел да открива детали за нејзиниот возбудлив период од брменоста каде е до четвртиот месец или почеток на вториот триместар.
View this post on Instagram
Освен што редовно е во теретаната без чија примена не би се чувствувала своја, идната мама реши да се разгали во еден познат салон за убавина каде ја средуваше косата.
Па така задоволна од резултатот седната пред огледалото од фризерското столче, Едина се пофали дека е мајката на Максим.
View this post on Instagram
Без заобиколувања и актуелни трендови со розови или сини балони за тоа какво бебе очекуваат, убавата идна мајка сподели дека ќе стане мајка на син за кого избрала дека ќе се вика Максим.
фото:Instagram printscreen/ edina_musa