Мегафон претконцертна средба со медиумите

PRESS конференција на „Дивље Јагоде“ за утрешниот концерт во Скопје

PRESS конференција на „Дивље Јагоде“ за утрешниот концерт во Скопје

Како што веќе е познато, легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа  на концерт во Скопје утревечер, петок , 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот.

По тој повод организаторот на овој единствен концертен настан – продукцијата „Сцена“, ќе одржи ПРЕСС конференција и дружење со членовите на „Дивље јагоде“ утре, ПЕТОК , 27-ми септември, со почеток  во 11.00 часот во градската кафеана „Пелистер“, лоцирана на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје.

Инаку, Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од неодамна излезениот, најнов, 13-ти по ред студиски  албум „Прати моје старе трагове“.

Публиката на единствениот концерт кој нема да има реприза ќе има можност да ужива и заедно да ги пее познатите песни како: „Дивље јагоде“, „Стаклени хотел“, „Мотори“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“… но и безвременските балади како: „Једина моја“, „Криво је море“, „Паткица“, „Бит ќе боље“… Целото концертно шоу е замислено како елегантен спој на рок ен рол свирка и акустичен „анплагд“ блок, кои бендот ќе ги фузира во еден единствен целовечерен концепт. Богатство од моќни и енергични рифови, нежни и певливи мелодии и квалитетни стихови… Енергија и емоции за сите сетила!

To top