Мегафон избори за убавина

8 октомври – ден кога ќе се слави женската убавина: Најубавата Македонка ќе ја преставува земјата на престижниот светски избор за Мис Универзум

8 октомври – ден кога ќе се слави женската убавина: Најубавата Македонка ќе ја преставува земјата на престижниот светски избор за Мис Универзум

Заокружете го 8 октомври – ден кога ќе се слави женската убавина, ден кога ќе се избере најубавата Македонка која ќе ја преставува земјата на престижниот светски избор за Мис Универзум. Домашниот настан ќе се одржи во Националната опера и балет, а најубавата меѓу 20-те финалистки освен круната и годишниот договор во вредност од 50 000 евра ќе ја добие можноста да отпатува во Мексико и заедно со уште 130 девојки од целиот свет да ја претставува земјата на ова престижно натпреварување за убавина. Светскиот избор годинава ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, и тој слави културна различност, поддржува проекти за општествена одговорност и воедно ги спојува сите култури и различности од целиот свет.

 

„Со нетрпение го очекувам изборот кој има за цел да го врати сјајот, но и вербата кај младите девојки да се пријавуваат на ваквите избори кои меѓудругото се и одлична промоција на земјата“, вели првиот човек на турската модна агенција Даман, Шакир Села, кој ја има лиценцата за одржување на изборот за Мис Универзум.

Освен што изборот се најавува како вистински аудиовизуелен спектакл и вечер посветена на убвавината, организаторите најавуваат и многу звучни имиња и гости – и тоа некои на сцената, а некои како дел од жирито. Освен некои домашни поранешни убавици, познатиот пластичен хирург д-р Роберт Стојовски, дел од жирито ќе бидат и светски познатиот дизајнер од Либан Фуад Саркис, кој патем во своето портфолио има запишано соработки со ѕвезди од калибарот на Џенифер Лопез, потоа Стефан Пиес, актер кој живее и работи во Лондон, и турската актерка со македонски корени Ебру Дестан…

И тоа не е сѐ, очекувајте многу изненадувања, гламур, сјај и, пред сѐ, убавина, велат организаторите.

To top