Радио Милева надежи и очекувања...

На Марија Спасовска годинава и се исполнија очекувањата, но, не баш сите… и не барем во старт: „Ќе не биде ли сезонава?“ (ФОТО)

На Марија Спасовска годинава и се исполнија очекувањата, но, не баш сите… и не барем во старт: „Ќе не биде ли сезонава?“ (ФОТО)

Младата македонска пејачка Марија Спасовска чија пејачка, но и авторска кариера е во подем освен музиката се подготвуваа и за другите животни предизвици. Годинава матурираше, средното образование го заврши со одличен успех, се запиша да студира на еден познат универзитет во Солун, а и во приватниот живот и љубовта и оди подмачкано.

Додека чека новата универзитетска година да ја започне како бруцош, нонема да биде дебитант на претстојниот  фестивал на забавни мелодии „Макфест 2024“ во Штип, каде ќе настапи трета година по ред, па новат песна веќе  е „скрчкана“!

Сепак,  пред да стане естраден лик и да и се претстави на пошироката јавност,  можеби само оние што ја познаваат од претходно, знаат дека Марија пред музиката му беше посветена на спортот, поточно на ракометот.

Сега „успешно плива“ во некои други води, но спортот и спортскиот живот никако не го запоставила.

Впрочем и естрадната сцена тоа го бара, а и момчињата посакуваат убаво извајано тело. Конечено,  „Во здраво тело – здрав дух“ – вели старата поговорка, па затоа вежбањето во теретана на Марија и е дел од животот. Или поточно, стил на живот.

А кога сме веќе кај спортот, дали со него се занимава некој професионално, активно или чисто рекреативно или од спорт посетува само обложувалници, сеедно… Речиси и да нема машко или женско што за некого не навива и нема свој омилен клуб. Особено кога е во прашање „најважната споедна работа на светот“, како што го нарекуваат фудбалот.

Па така и Марија Спасовска си има своја омилена екипа – Барселона. Токму со селфи во дресот на каталонскиот гигант,  младата пејачка  целата во прашалници и самата во дилема, си го постави истото прашање што ги мачи милиони навивачи на популарната Барса и годинава: „Ќе не биде ли сезонава?“

Лигата на шампиони во новиот формат туку што започна, а одговорот уште во првото коло веднаш пристигна.

Ниту новиот тренер и новите засилувања не помогнаа, па Барселона е поразена на првиот меч од и не така силниот Монако со 2:1…

Така, на Марија Спасовска годинава во старт и се исполнија сите очекувања, освен едно… Барселона! Првото очекување заврши со разочарување, ама сепак… Сезоната е долга. И во шпанската „Ла лига“ и во „Лигата на шампиони“…

Па, затоа каков верен навивач би бил ти, ако надежите уште во старт не си ги подгреал, дека можеби токму годинава Барса… ќе биде (како) Реал!?

Фото и видео: Инстаграм/ТикТок/marija.spasovska

 

To top