Радио Милева неодоливи сцени

Сања Кужет ги воодушеви сите со кадри од синот: Водителката ужива со наследникот, а сцените се како од бајка (фото)

Сања Кужет ги воодушеви сите со кадри од синот: Водителката ужива со наследникот, а сцените се како од бајка (фото)

Водителката Сања Кужет на својот Инстаграм профил сподели неодоливи кадри со новородениот наследник.

Водителката на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет се породи на 3 јули и на свет го донесе момчето Вук.

Водителката не крие дека ужива во првите денови на бебето, а често објавува на социјалните мрежи, што беше случај и овој пат.

– Животот на мајката – пишува во описот на видеото што го сподели Кужет, а коментарите за нереалните сцени не престануваат да се нижат.

„Преслатко“, „Ова е љубов“, „Ангел“, „Мало сонце, биди жив и здрав“, „Сцена што топи срца“, „Се воодушевувам секогаш кога вас ќе ве видам“ – ова се некои од реакциите.

Вук има постар брат Страхиња (7), како и најстариот Андрија (15), кој водителката го доби од првиот брак со Зоран Пипер.

Фото: print Screen/Instagram

To top