Актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ во септември минатата година тајно се омажи за својот партнер Марко и по тој повод ја објави годишнината.
Интимната церемонија била организирана во крајна тајност, што била и експресна желба на младенците, за се да се одвива далеку од очите на јавноста и медиумите во еден ресторан во Белград.
Таа до сега нема објавено фотографии, а сега на годишнината ја објави и првата.
На фотографијата која ја објави се гледа во венчаницата како ужива во прегратката на сопругот Марко додека се бакнуваат.
View this post on Instagram
Заедно со емотивната фотографија објави и емотикон со бело срце, а во коментар следуваа честитки.
Да потсетиме, по разводот од Дариј Прпиќ, стапи во врска со Марко и го роди неговото дете, Анѓелка во строга тајност му вети вечна љубов на својот избраник. Тие ја прославија својата скромна венчавка во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите во ресторан во Белград. На свадбата и ручекот беа само неколку познати личности, меѓу нив водителката Марија Килибарда, актерката Ања Мандиќ, како и водителот Славко Белеслин.
фото: print Screen/Instagram/