Пејачката Селена Гомез призна дека никогаш нема да може да роди деца.
-Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да имам свои деца. Имам многу здравствени проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на детето”, изјави таа за Vanity Fair.
-Одлично се носам со тоа. Се чувствувам среќна што има прекрасни луѓе кои се подготвени да учествуваат во сурогат мајчинство или посвојување, што се одлични можности за мене. Благодарна сум за алтернативите за луѓето кои навистина сакаат да станат родители. Јас сум една од тие луѓе. Едвај чекам да видам како ќе изгледа тој пат. На крајот на денот ќе биде мој, искрено вели пејачката.
Селена веќе некое време е во врска со Бени Бланко, а многумина шпекулираат дека се свршени. Селена и нејзиното момче се уште официјално не ја потврдиле веста за свршувачка или можна венчавка, но Бланко неодамна во емисијата на Хауард Стерн потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да основа брак и семејство со Селена.
Во декември минатата година, Селена потврди дека била во врска со Бланко шест месеци, а во тоа време го нарече „најдоброто нешто што и се случило“ и рече дека тој се однесува „подобро од кое било човечко суштество со неа на оваа планета“.
фото: printscreen/instagram/selenagomez