Кејт Мидлтон речиси 10 месеци се бори со ракот, кој ѝ беше дијагностициран на почетокот на годината. Таа во последно време се чувствува подобро, а сега со нетрпение го очекува враќањето на нејзините деца на училиште.
„Се чувствува многу посилно и поздраво. Ова е некако горчлив и сладок период за неа, таа е секогаш емотивна кога почнува училишната година бидејќи тоа е нов чекор за нејзините деца, но и доказ за тоа колку брзо растат. Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис наскоро ќе бидат зафатени со училишните обврски, што ќе ѝ даде на Кејт повеќе време повторно да се фокусира на работата“, изјавила личност блиска до принцезата од Велс.
Освен тоа, Кејт се весели што би можела да „побегне“ од медицинските третмани и посетата на лекари.
View this post on Instagram
„Идеално би било да се врати на стариот распоред, но ќе ѝ треба време да го постигне тоа и се наведува дека истото треба да го прави полека“, заклучува изворот.
Таа во средината на јули откри дека лекувањето од рак напредува, но дека битката со ракот е многу исцрпувачка.
„Како што знаат сите кои поминуват низ хемотерапија, постојат добри и лоши денови. Во текот на лошите денови се чувствувате слабо, уморно и телото бара одмор. Во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакате да го искористите тоа добро чувство најдобро што можете“, изјави Мидлтон и истакна дека лекувањето ќе трае уште неколку месеци.
View this post on Instagram
За потсетување, откако на принцезата ѝ беше дијагностициран рак, таа извесно време не се појавуваше во јавноста, а потоа по 6 месеци за првпат се појави по повод прославата на роденденот на кралот Чарлс.
Последен пат беше видена на Вимблдон, а оттогаш палатата молчи за нејзината здравствена состојба, па не е чудно што сите очи на јавноста повторно се свртени кон кралското семејство.
фото:Instagram printscreen/ _kate_middleton_royal