Кај младата македонската пејачка Лина Пејовска беше особено весело поради убавиот повод.
Имено, Лина има постара сестра, Христина, која вчера наполни 25 години .
Пејачката веднаш објави фотографии и видеа од прославата на кратката Инстагарам приказна каде што е активна и јавно и го честиташе роденденот.
Таа најпрвин сподели фотографија на која позираат заедно и во описот на англиски јазик напиша дека за неа таа е најважната личност во животот.
Потоа сподели и дел од атмосверата каде што славеле, а Лина се пошегува, па го откри и подарокот за неа.
„Не знам што ќе правиш без мене во животот, а тоа автоматски значи дека јас сум ти најубавиот подарок во твојот живот – стоеше во објавата.
Секако крвта не е вода, па од приложеното може да се заклучи дека и физички дефинитивно си личат една на друга.
фото:Instagram/printscreen/pejovskalina