Александра Пријовиќ е една од најдобро облечените пејачки на домашната естрада, а не е тајна дека сака да го испразни паричникот кога се во прашање гардеробата, но и добрите парфеми. Еден од нејзините омилени парфеми, кој секогаш го има на полица, е „Good Girl Gone Bad“ кој беше лансиран пред дури дванаесет години.
Иако многумина мислеа дека тоа ќе биде еден од поновите парфеми на Гучи или Прада, вистината е сосема поинаква. Омилениот парфем на Александра Пријовиќ е благ, но истовремено и постојан и што е најважно, привлекува внимание и остава трага каде и да се појави, пишува Gloria.rs.
Инаку, цената на тој парфем е 31.000 динари или околу 15.000 денари, односно 250 евра.
Фото: grand.nova.rs/Инстаграм/aleksandraprijovic