Вчера, 28-ми август, ден Голема Богородица, верски празник за сите православни христијани, а за пејачката Викторија Лоба и нејзиниот сопруг Ѓорѓи уште поголем.
Имено, пред две години тие пред Бога на овој голем празник го кажаа судбоносното „да“, а венчавката се случи во црквата Свети Јован Канео во Охрид.
View this post on Instagram
Сигурно како и сите, и тие ќе речат дека како да беше вчера, ама вистината е дека времето си минува, нештата се менуваат…
Но, она што останува се спомените од убавите мигови, фотографиите кои сведочат, но најважното од се’ останала љубовта, почитта и разбирањето, односно клучот за секоја следна здравица, среќа и насмевка за идните денови и години заедно.
За потсетување, Лоба и бизнисменот Ѓорѓи Калешов беа во долгогодишна врска и уште пред бракот живееја заедно. По свршувачката, корона пандемијата им ги одолговлечи плановите за бракот и церомониите, но кога времињата тргнаа на подобро, тогаш Лоба и Ѓорѓи ја официјализираа својата неформална заедница во брачна.
фото:Instagram printscreen/ victorialoba