Пејачката Александра Пријовиќ вчеравечер, 14 август 2024 одржа концерт во Врњачка Бања, а набргу по почетокот на спектаклот настана драма.
Имено, на една девојка од публиката и се слошило, а како што пренесуваат локалните медиуми, Прија сакала да скокне во публиката за да и помогне. Како што пишува Република, чии новинари биле на самото место, Александра го молела обезбедувањето да дојде на помош, а и се понудила и самата да се симне во публиката за да и помогне на девојката на која не и било добро.
Во тој момент пристигнала брзата помош, а откако Александра се уверила дека девојката е добро и дека некој се грижи за неа, продолжила да пее со бендот.
За жала, набргу потоа тоа и се слошило на уште една девојка на концертот, но за среќа лекарите од итната помош се’ упште биле тука, па успеале брзо да реагираат.
Фото: Инстаграм/aleksandraprijovic