Радио Милева промена

Ја глумеше единствената ќерка на Султан Сулејман и Хурем, а сега е непрепознатлива: Има еден брак зад себе, а поради децата ја запостави блескавата кариера

Ја глумеше единствената ќерка на Султан Сулејман и Хурем, а сега е непрепознатлива: Има еден брак зад себе, а поради децата ја запостави блескавата кариера

Турската серија Сулејман Величествениот, која беше многу популарна овде  и во регионот, го следи бурниот живот, успесите, кампањите, интригите на дворот и во харемот за време на неговото владеење.

Луѓето се приврзаа за бројни ликови од оваа серија, а сѐ уште ги интересира каде се и што прават одредени актери денес.

Луѓето најмногу ја сакаа актерката Мерјем Узерли која ја глумеше Хурем, но не помалку впечатлива е и актерката која го толкуваше ликот на Султанија Михримах, ќерката на владетелот Сулејман и неговата сопруга Хурем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by -Mihrimah- (@mihrimah._sultana)

Актерката Пелин Карахан ги освои срцата на многумина поради одличната глума, но и поради убавото, препознатливо лице.

Според странските медиуми, Пелин сѐ уште се занимава со глума, иако почесто се појавува во емисии каде ги презентира своите кулинарски способности.

Од 2011 до 2013 година била во брак со фитнес инструкторот Ердинк Бекироглу, а потоа повторно се омажила за бизнисменот Бедри Гунтај, за кого се омажила во 2014 година. Тие ги имаат синовите Али Демир и Џан Ејуп, поради кои ја запоставила кариерата како актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelin Karahan (@pelinkarahan)

Пелин по првото раѓање прифати улога во серијата „Доста“ за семејното насилство, која беше на врвот на гледаноста. Сепак, на почетокот на втората сезона таа повторно остана во друга состојба, а стомакот и стана видлив, па во ноември 2016 година мораше да се збогува со улогата. Набргу потоа, серијата заврши бидејќи гледаноста драстично опадна. Таа често споделува приватни моменти на својот Инстаграм профил, а многумина коментираат дека актерката многу се променила и е уште поубава од порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelin Karahan (@pelinkarahan)

фото: printsckrin/instagrtam/YouTube

To top