Олимписките игри во Париз се сосема невообичаени, поинакви, подраматични од сите досега – се чини.Пред се, тие ќе останат запаметени како најскандалозните – почнувајќи од свеченото отворање и завршувајќи со сомнителните натпреварувачи.
Сепак, за да не биде се така „црно“, мораме да кажеме дека се изродија и вистински ѕвезди, интересни личности, убави спортисти чии кариери ќе ги следиме, како и дисциплини во кои се натпреваруваат.
Јусуф Дикец, претставникот на Турција на Олимписките игри во стрелаштво, со својата ноншалантност и смиреност ги освои симпатиите на светската јавност која го следи најпрестижното спортско натпреварување во светот.
Ќе остане запаметен како натпреварувач кој го освои сребрениот медал во дисциплината 10 метри мешан воздушен пиштол, во која златото го освоија српските претставници Дамир Микец и Зорана Аруновиќ, и тоа без специјална опрема типична за стрелците – и со раката во џеб.
Но, не беше неговата нирвана на духот и умот она што ги заинтригира Србите дури сега да го забележат овој успешен 51-годишен спортист. Не го издвои ни пријателството со Микец, туку – сличноста по изглед со Саша Поповиќ.
Корисниците на социјалната мрежа Х, порано Твитер, веднаш направија споредба и шеги, кои брзо станаа вирални на социјалните мрежи, па, иако на почетокот не би помислиле така, кога некој ќе ви го привлече вниманието – основачот и неодамна сопственикот на „Гранд продукција“ и турскиот освојувач на олимписки медали навистина малку личат еден на друг.
Од сите, најинтересни беа описите и коментарите, па твитерџиите настапот на турскиот стрелец со пиштол во рака го нарекоа: „Саша Поповиќ – елиминација на натпреварувачите во Ѕвездите на Гранд squid game edition.“
saša popović – eliminacija takmičara u zvezdama granda squid game edition pic.twitter.com/xWQEkWLZQ0
— Adrianošević (@adrianosevic) August 4, 2024
Фото: printscreen/instgaram/TikTok