Ана Николиќ секогаш го привлекува вниманието на јавноста, без разлика дали тоа е поради нејзините песни или поради приватниот живот, кој е под лупата на јавноста во последните месеци.
Откако тамошните медиуми првпат пишуваа за нејзината врска со композиторот и продуцент Горан Ратковиќ Ралет, пејачката конечно призна дека се заедно.
Оттогаш таа објави неколку фотографии со својот партнер на Инстаграм, а на последната изгледа многу среќна.
Таа ги објави нивните три фотографии од градот, на две позираат пред кафуле, а на третата на Рале му е свртен грб, додека Ана гледа во камерата.
Пејачката ја избра вистинската летна комбинација со високи потпетици, лелеав фустан со длабоко деколте во валкано розова и сатенска кафена кошула, со интересен накит, но ништо не можеше да се спореди со нејзината насмевка.
Секако, и Рале бил одлично расположен, па со задоволство позирал со Ана.
Посебно се истакна еден коментар под објавата
– „Само биди среќна“, а останатите оставиле емотикони од срца.
Да потсетиме, Рале неодамна истакна и дека би сакал веднаш да се ожени со Николиќ.
фото: printskrin/instgaram