Познатиот македонски диџеј со интернационална кариера, Никифор Стоилков вчеравечер имаше голем повод за славење – сопругата Ани му роди ќерка која ги донесе пред најубавите животни предизвици, родителските.
Наследничката на Никифор го доби името Мелоди, токму каков што е животот на нејзиниот татко, исполнет со музика која сега сигурно ќе има уште поенергичен, но и љубовен ритам.
Журката овој пат беше во кафеана каде се честеа со мекици и присуствуваа роднините, семејствата и секако познатата дружина на Никифор меѓу кои Тамара Тодевска и Катарина Ивановска.
Тато Никифор редовно е букиран и не така често е позициониран на домашна адреса, но сигурни сме дека Мелоди ќе му направи нова шема и распоред за работа.
Инаку, Никифор стои позади популарната музичко радио емисија „Antenna Night Tracks“, 3 часовен микс каде тој ја пушта неговата најактуелна музика од различни интернационални диџеи. Никифор е број еден диџеј во Македонија уште од млади години. Оваа позиција му помогнала низ годиниве да биде дел од журките на светските диџеи Carl Cox, Deep Dish, John Digweed и многу други.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska/ nikifor4music/ ivanovska_katarina