Поминаа шест години откако го нема Влатко Илиевски.
По заминувањето на некоја драга личност од овој свет, останува празнина која времето не може да ја избрише или пополни. Така и Влатче… им недостасува на своето семејство, пријателите, колегите…
Тамара Тодевска како негова пријателка и колешка постојано јавно знае да изјави дека Влатко ужасно и недостасува и дека се уште не се помирила дека го нема. На годишнината од неговото прерано заминување таа на својот Инстаграм објави заеднички спомен со зборовите:
-Шест години непребол… Шест години бев мојот најдобар другар… Влатче очајно си ми потребен- напиша Тамара употребувајќи дел од стиховите во нивната дуетска „Гушни ме“.
За потсетување, Тодевска во едно интервју за Илиевски кажа:
„Тој беше многу добар човек, многу добро дете. Беше светла точка во мојот живот. Човек со кого детството го поминав. Учевме заедно во средно музичко. Тогаш, почнавме да се дружиме. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк и се спријателивме првиот ден. Како што се спријателивме така не се разделивме “ кажа во една прилика Тамара за „Бекстејџ“.
Триесет и три годишниот Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија, а почина на 6-ти јули. Влатко беше пронајден мртов во неговиот автомобил на булевар во скопската општина Аеродром.
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska/ vlatko.ilievski