Радио Милева специјални состојки до трајна убавина

За изгледот на Натали Грубовиќ времето не стои, туку се враќа наназад: Некогашната ТВ ѕвезда, направи една корекција на лицето од која тешко би ја препознале (фото)

За изгледот на Натали Грубовиќ времето не стои, туку се враќа наназад: Некогашната ТВ ѕвезда, направи една корекција на лицето од која тешко би ја препознале (фото)

Иако времето си минува, некои познати лица кои оставиле печат од своето време, никогаш не се заборавени, а одамна не биле активни на јаваната сцена. Еден таков пример е некогашната Бинго девојка и манекенка Натали Грубовиќ, која одамна замина од Македонија, се омажи во соседна Србија и стана мајка.

Натали иако има Инстаграм, не е од оние што редовно го полнат со нови објави, па одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија и да покаже како го поминува времето, најчесто кога има некој повод за славење, родендени, свадби и слично.

Сега, за изненадување, Натали прати еден летен поздрав од локацијата каде летува на море, а фотографијата се најде на нејзините „стори“ објави на Инстаграм. Доколку не го прочитате името погоре, тешко би ја препознале Натали од времето.

 

Не дека остарела, туку напротив изгледа свежо и убаво како и секогаш, но со значително поголеми усни кои очигледно е дека ја променила во однос на волуменот. Една корекција, за вака драстична промена. Натали е секогаш во тренд, а ова е уште еден доказ дека кога естетските корекции се во прашање, таа ги следи во чекор.

За потсетување Наталија Грубовиќ според нејзините изјави за домашните медиуми, веќе не се пронаоѓа во шоубизнисот и тоа за неа се само грст спомени од едно убаво минато време.

Љубов, среќа, исполнетот со шестгодишната ќеркичка, сопругот, а секако и редовна нега, веројатно се дел од животните состојки што секому би годеле, а веруваме дека тоа е така и за убавата Натали.

фото:Instagram printscreen/ nataligrubovic

To top