Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски алијас Џокер заминаа на одмор во Грција. Сега веќе сo придружба на нивното синче Киан кој неодамна прооди, па сега на мама и тато ќе им треба екстра енергија во првиот летен одмор за сезонава.
Времмињата и улогите се сменија, така што овa лето на море за Антониа и сопругот Роберт не се нималку слични како оние на кои навикнале од претходно.
Сега нема така лежерно и опуштено излежување на плажа, затоа што со нив е штотуку проодениот наследник Киан за кого морето е највозбудливо, секако и песокот и секоја една ситница која за првпат ќе ја допре во малото рече.
Мама Тониа иако изјави во едно неодамнешно интервју дека не е подготвена сама да биде на одмор со бебе, сепак Киан е прв и најважен за се’, а мама и тато вака- така ќе се снајдат.
Антониа ги облече розовите мини бикини, па без филтер и камуфлажа покажа дека освен таа што е подготвена, тука и се и пелените за менување на плажа.
Сеедно, ова сигурно ќе им биде едно незаборавно искуство кое се памети цел живот од летен одмор кој подоцна ќе му го раскажуваат на синчето.
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa