Познатата пејачка Селин Дион боледува од невролошко пореметување – синдром на вкочанета личност.
Дијагностицирањето и е во 2022 година и затоа ја одложи турнејата и сите деловни обврски.
Пејачката го сними и документарниот филм „I Am: Celine Dion“, кој следи една година од нејзиниот живот и нејзината борба со невролошко нарушување.
View this post on Instagram
Неодамна се одржа премиерата на овој филм, а Селин беше многу емотивна по прикажувањето на филмот.
„Не ми се верува колку сум богата што имам вакви обожаватели во мојот живот. Вашето присуство на моето патување беше подарок. Вашата љубов и поддршка ме туркаа напред низ сите проблеми“, низ солзи рекла таа, пишува „Пипл“.
„Се разбира, никогаш немаше да застанам пред вас доколку ја немав поддршката и љубовта од моите деца. Ви благодарам на сите од се срце што бевте дел од моето патување. Овој филм е љубовно писмо до сите вас“, додаде Селин.
View this post on Instagram
фото: printskrin/instagram