Познатата американска новинарка Опра Винфри (70) завршила во болница каде примала инфузија поради дехидрација поради стомачен вирус, објавија денеска медиумите во Сад.
Таа „се опоравува од стомачен вирус и прими инфузија за дехидрација, како што препорача нејзиниот лекар“, рече нејзиниот претставник за медиуми во изјава дадена за Си-Ен-Ен.
„Таа одмара и се чувствува подобро секој ден“, рече тој. Винфри претходно на својата најдобра пријателка, новинарката Гејл Кинг, во видео повик што Кинг го објави на нејзината страница на Инстаграм и кажа дека „не може да држи вода во телото за да остане хидрирана“, па морала да побара помош во болница.
Кога Кинг ѝ рекол дека изгледа „слабо“, Винфри се согласи дека сè уште не е добро, но дека е „на пат“ кон закрепнување. Таа, исто така, ѝ кажала на својата пријателка дека многу луѓе во нејзината куќа исто така „заболеле“ од стомачен вирус и ги потсетила гледачите дека е важно да ги мијат рацете.
Да потсетиме дека пред само неколку месеци Опра призна дека го користела популарниот лек Оземпик за слабеење.
фото: printskrin/instagram/oprah