Ана Николиќ во костим за капење предизвика внимание на социјалните мрежи. Пејачката после долго време покажа како навистина изгледа. Кога доживеа голем успех со албумот „Јануари“ во 2003 година, пејачката важеше за една од најжешките на српската естрада.
Таа ласкава титула ја носеше долго време, а откако во 2017 година ја роди ќерката Тара, наеднаш се здебели. Сепак, таа успеа да изгуби 50 килограми.
View this post on Instagram
– Мојата тајна како ослабев. Најважно е внесот на течности. Ја имам мојата утринска рутина. Штом станам пијам 2 чаши вода. Некогаш со лимон, некогаш без. После тоа доаѓа мојот појадок, кој често е јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарки. За време на ручек јадам бело месо или риба со зеленчук на пареа. Исклучив јаглехидрати (бело брашно), се придржувам до внесот на калории од 1.000 до 1.200 kcal. Целосно се откажав од слатките. И месото, освен рибата. Ако навистина ми падне шеќерот, тогаш јадам една лажица Нутела и замислете дека сум ја изела целата. Губењето на вишокот килограми е работа на психата – Ана своевремено за „Блиц“ изјави дека сега покажа како изгледа во костим за капење.
Таа позираше на тој начин што нејзините тенки нозе и рамниот стомак беа во преден план, што е резултат на нејзиниот тренинг и исхрана.
фото:Instagram printscreen/ ananikolicofficial