Пејачката Едита Арадиновиќ синоќа првпат проговори за односот со поранешниот партнер со кого доби дете.
Пред настапот во еден популарен клуб, Едита одвои време да разговара со новинарите. Во таа прилика се осврна на куќата на Авала, стравот од рекетирање, но и на односот со поранешниот партнер Ненад, со кого пред неколку месеци ја доби ќеркичката Зоја.
Да потсетиме, двојката се раздели уште додека Едита беше бремена. Иако досега избегнуваше да зборува за него, сега откри неколку нови детали.
„Зоја има прекрасен татко, а јас во тој случај имам прекрасен пријател, кој засега е единствениот маж во нашите животи“, започна пејачката, додавајќи дека во моментов е „целосно незаинтересирана за љубов“.

Зборувајќи за Ненад, Едита рече:
„Ние сме сродни души и требаше да се сретнеме. Среќна сум што тој е татко на моето дете. Не требаше да биде поинаку. Ја сака својата ќерка најмногу на светот, а таа толку многу личи на него… Кога ќе ја погледнам, во неа го гледам него“, додаде таа.

На прашањето каков татко е Ненад, Едита одговори:
„Тој е толку посветен. Ние сме прекрасни родители на Зоја. Доколку сега имаше партнерка, ќе бев среќна за него и целосно ќе го поддржев тоа. Среќна сум со изборот што го направив“, изјави пејачката.
Едита откри и дали таа и нејзиниот поранешен партнер имаат сличности.
„Воопшто не сме слични. Тој е многу смирен, неговиот нервен систем е сосема поинаков од мојот. Тој е човек кој ми дава поддршка и кој се остварил во животот. Поминал низ многу тешки моменти додека растел. Кога велам дека сме сродни души, мислам на тоа дека сме поминале низ многу тешки животни ситуации и дека многу добро се разбираме, се почитуваме и се читаме меѓусебно. Преку него учам каде треба да поставам граници, како треба да се однесува една жена и мајка. Тој ми помага да бидам подобра“, објасни Едита.
На прашањето како Ненад се однесува со бебето, пејачката одговори:
„Умираме за неа. Тој плаче, плачам и јас кога ја гледаме така на смени. Често е покрај неа“, заклучи пејачката.
Слушајте ја нејзината изјава:
View this post on Instagram
Foto: printscreen instagram/editaaradinovic





