Радио Милева ШОК ЗА ФАНОВИТЕ НА ТУРСКИТЕ СЕРИИ

Осамна видео од приведувањето на турските ѕвезди: Озџан Дениз, Дениз Чакир и Бурџу Озберк со полициска придружба (видео)

Осамна видео од приведувањето на турските ѕвезди: Озџан Дениз, Дениз Чакир и Бурџу Озберк со полициска придружба (видео)

Откако одекна шокантната вест за големата полициска акција во Истанбул во која беа приведени неколку звучни имиња од турската забавна индустрија, на социјалните мрежи и во турските медиуми се појави и првото видео од самото приведување. Снимките предизвикаа вистински земјотрес во јавноста, со оглед на тоа што станува збор за мегапопуларни актери и музичари кои со години се омилени ликови и кај македонската публика.

Според најновите информации објавени од тамошните медиуми, во рамките на опсежната истрага за дрога спроведена против познати личности во Истанбул, издадени се налози за 35 лица, меѓу кои се наоѓаат познатиот актер и пејач Озџан Дениз, ѕвездата од „Сулејман Величествениот“ Дениз Чакир, како и убавата актерка Бурџу Озберк. Како што се наведува во извештаите, 24 од осомничените кои биле веднаш приведени се спроведени на задолжителен лекарски преглед, а токму моментот кога единиците на одделот за наркотици ги внесуваат во придружба на бројни полицајци е овековечен на виралната снимка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mynet.com (@mynet)

Истрагата продолжува со полн интензитет, додека јавноста и обожавателите ширум регионот со неверување ги следат случувањата и очекуваат официјални детали за тоа каква ќе биде понатамошната судбина на нивните омилени телевизиски ѕвезди.

фото:Instagram printscreen/mynet

To top