Сања Савеска не е водителка која случајно се нашла пред камерите. Напротив, медиумите ги избрала уште како девојче, работела во радио, учествувала во синхронизација на цртани филмови во А1 ТВ, била дел од утрински телевизиски програми каде работела како уредничка, а потоа и како новинарка во информативната редакција на ТВ 24.

Улогата на водителка во најгледаното кулинарско ТВ шоу во Македонија, „Брза кујна“, ќе ја донесе големата популарност и препознатливост кај пошироката публика која и покрај ТВ присуството дотогаш не ја имала.

Токму за случувањата во шоуто, односот со шефовите, промените во екипата, случките зад камерите, за гостите и рецептите… и за уште многу други знаени и незнаени нешта Сања искрено и отворено говори во поткастот „Ништо лично“.

Покрај професионалната кариера, внимание привлекуваат и нејзините кажувања во кои зборуваше за љубовта, семејството, животните разочарувања, блискоста со покојниот актер Димче Мешковски и долгогодишната врска… Но и за тоа зошто сега не е во нова врска и подобро и е да биде сингл, за односот кон додворувачите, за вратата која е затворена или подотворена за нова љубов, за тоа дали е умешна и во кујната и што најдобро знае да подготви, но и дали е подготвена за брак, поточно дали воопшто во овој момент тоа го сака?

Токму за сите овие прашања водителката на „Брза кујна“ – Сања Савеска разговараше „лице в лице“ со нејзиниот домаќин Антонио Димитриевски во најновото издание на „НИШТО ЛИЧНО“.

Ова како и сите други досегашни изданија на поткастот ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (






