Мегафон поткаст гостин/ка

Сања Савеска во „Ништо лично“: Од несудена актерка, радиоводителка, глас од цртаните филмови и ТВ уредник до единствената што не готви во „Брза кујна“

Сања Савеска во „Ништо лично“: Од несудена актерка, радиоводителка, глас од цртаните филмови и ТВ уредник до единствената што не готви во „Брза кујна“

Сања Савеска не е водителка која случајно се нашла пред камерите. Напротив, медиумите ги избрала уште како девојче, работела во радио, учествувала во синхронизација на цртани филмови, била дел од утрински телевизиски програми каде работела како уредничка, а потоа и како новинарка во информативната редакција на ТВ 24.

Но, покрај професионалната кариера, внимание привлекуваат и нејзините интервјуа во кои зборувала за љубовта, семејството, животните разочарувања, блискоста со покојниот актер Димче Мешковски и долгогодишната врска.

Детството и љубовта кон телевизијата – девојчето кое дома глумело водителка

Сања уште од најрана возраст покажувала дека ја привлекуваат јавните настапи, комуникацијата и медиумите. Како дете обожавала да ја чита телевизиската програма, да најавува, да имитира и да ги забавува најблиските. Била активна во училишните приредби, учествувала во секции, работела на училишниот весник и водела различни настани.

Интересно е што нејзиниот интерес за новинарството не останал само на детска желба. Уште во средношколските денови започнала да работи во радио, каде што добила можност да се запознае со основите на радиоводителството и работата со микрофон. Самата  посочува дека медиумите отсекогаш биле нејзината голема љубов и дека уште тогаш знаела со што сака да се занимава.

Образованието – неочекуван избор покрај медиумската определба

Иако уште од млада возраст била насочена кон телевизијата, Сања завршила политички науки. Сепак, знаењето, информираноста, начинот на комуникација и интересот за општествените случувања подоцна ѝ биле од полза и во новинарската работа.

Димче Мешковски – човекот кој оставил трага во нејзините телевизиски почетоци

Еден од поинтересните моменти од нејзините професионални почетоци е поврзан со легендарниот македонски актер Димче Мешковски. Сања била дел од екипата која работела на надсинхронизација на цртани филмови, во тимот на Мешковски. Ова искуство било значајно за нејзиното понатамошно приближување кон телевизијата.

Во интервјуата секогаш зборувала со голема почит за Мешковски, кого го сметала за близок пријател и човек од кого многу научила. Особено ја истакнувала неговата енергија и способност да ги движи луѓето околу себе. Токму работата на синхронизацијата и контактот со актерскиот свет ѝ помогнале полесно да се снајде пред камерата.

Првото појавување на телевизија

Нејзините први телевизиски чекори се поврзани со некогашната А1 телевизија. Таму работела на синхронизација на цртани филмови, а извесен период водела и интерактивен квиз во живо. Тоа било нејзино прво посериозно искуство пред телевизиските камери. Љубовта кон медиумите ја водела низ различни формати, од забавни емисии до новинарство.

Телевизија 24 – утринската „Македонија денес“ и работата зад камерите

Пред да стане дел од  најгледното кулинарско ТВ шоу „Брза кујна“, Сања ќе има сериозно телевизиско искуство во ТВ 24. Токму таму се развива како телевизиска водителка, а подоцна добива и одговорна позиција во утринската програма „Македонија денес“ како уредничка и водителка, односно како еден од клучните луѓе во создавањето на програмската содржина. Била вклучена во креирањето на содржината, изборот на соговорници и подготовката на емисијата.

Посебно интересна е нејзината изјава за телевизиската професија: За водителот, според неа, не е доволно само да изгледа убаво пред камерата. Потребни се информираност, правилен изговор, читање, подготовка и способност за комуникација.

Таа исто така признала дека најтешко е публиката да не забележи кога водителот има лош ден и не му е до насмевка. „Сјајот во очите мора да го вратам сама“, е суштината на нејзиниот опис на одговорноста што ја носи утринското водителство.

Дали сама си заминала од ТВ 24 или добила отказ?

Ова е веројатно едно од најинтересните прашања за нејзината професионална биографија.

Сања во едно од своите интервјуа  отворено зборувала за периодот кога ја немало толку често на телевизиските екрани. Нејзиното објаснување е особено важно затоа што дава поинаква слика од она што би можело да се претпостави кога некој телевизиски водител ненадејно ќе исчезне од програмата. Таа раскажала дека по неколкугодишното водење на утринската програма била префрлена во информативната редакција на ТВ 24. Таму работела како репортер, подготвувала вести и учествувала во нивното пласирање до јавноста.

„Од утринската емисија, која неколку години сама ја водев, бев префрлена во информативна редакција на ТВ 24, едно убаво искуство кое недостасуваше во мојата работа во медиумите.“ Таа дури нагласила дека уживала во новинарската работа и дека тоа искуство ѝ недостасувало во дотогашната кариера.

Потоа, како што самата раскажала, кога најмалку очекувала, добила понуда за водење на „Брза кујна“. Добила отказ, или била принудена да си замине поради некаков скандал?

е она нештошто останало непознато. Отказ или сама си заминала заради нова професионална можност која, според нејзиното признание, била токму она што го посакувала.

„Брза кујна“ – нова телевизиска приказна која ќе ѝ донесе масовна препознатливост

Во октомври 2020 година беше објавено дека Сања Савеска е новата водителка на „Брза кујна“. Таа дојде на местото на Александра Илиевска, која во тој период поради бременоста не беше дел од новата сезона. Тоа беше шестата сезона на шоуто, а Сања започна да го води заедно со готвачите Марк де Јонг и Никола Мишковски.

Нејзиното доаѓање предизвика и реакции кај гледачите. Во тогашните медиумски објави се пренесуваа коментари од публиката како „Ново освежување“, „Редно беше да почне“, но и прашања што со претходната водителка Александра?

Интересно е што Сања открила дека пред да ја прифати улогата немала можност да се сретне ниту со Александра Илиевска, ниту со претходната водителка Билјана Максимовска. Поддршката ја добила од продуцентот Томислав Коцевски – Пепси и од останатиот тим, како и советот кој бил едноставен: Да биде своја и да ужива во работата.

Зошто „Брза кујна“  толку многу ѝ одговара(ла)?

Сања признала дека отсекогаш посакувала да води забавна емисија. По долгогодишната работа во информативна редакција, ѝ недостасувале смеата, спонтаноста и позитивната енергија пред камерите.  „Топ форма“ и „Работна сабота“ биле меѓу забавните формати во кои претходно работела, па „Брза кујна“ практично ѝ овозможила да се врати на она во кое најмногу се пронаоѓа. За неа, понудата за шоуто дошла во вистински момент. Денот кога ја добила поканата за „Брза кујна“ бил еден од посреќните во нејзината кариера.

Што се случува зад камерит: Смеа, танцување и неочекувани ситуации

Една од најинтересните работи кај „Брза кујна“ е тоа што шоуто не се сведува само на готвење. Зад камерите се создава посебна атмосфера, а Сања често споделува моменти од снимањата со своите следбеници на социјалните мрежи. Од објавите и медиумските извештаи можат да се издвојат неколку интересни случки.

Така, во декември 2025 година Сања објави видео на кое таа, Никола Мишковски и Бобан Симоновски се обидуваат да ја играат познатата „Макарена“.

Нејзиниот коментар беше:

„За пајдушко не нѐ бива, за Макарена сме тапа, ама затоа за добра забава секогаш сме спремни“.

Оваа објава беше пренесена и во медиумите како доказ за опуштената атмосфера во тимот.

Шеф Боби и повредата на ногата

Во 2025 година внимание привлече и повредата на шеф Боби, односно Бобан Симоновски.

Откако се појавија прашања од гледачите за неговата состојба и враќањето во студиото, Сања објави видео со Никола и Боби како играат пајдушко оро.

Нејзината порака беше кратка: „Таман сме!“

Со ова практично им одговори на гледачите дека Боби повторно е со екипата.

Како функционира шоуто и колку е Сања важна за неговиот концепт?

„Брза кујна“ е лиценциран телевизиски формат на EndemolShine, кој се емитува и во други земји.

Концептот е едноставен, но динамичен: двајца натпреварувачи, два тима и двајца професионални готвачи. Сања има важна улога во одржувањето на динамиката, комуникацијата со натпреварувачите, следењето на случувањата во двете кујни и внесувањето забавна енергија. Таа открива дека основата на шоуто е иста, но секоја емисија е различна поради креативноста на готвачите и неочекуваните ситуации. Особено интересно е што признава дека и самата постојано учи од нив. Открила дека сака да ги пробува рецептите на шефовите, но дека не секогаш успеваат да ѝ излезат толку вкусни како нивните.

Приватниот живот – љубовта со неврохирургот Томи Камилоски

Овој е дел од нејзиниот живот кој со години предизвикуваше љубопитност кај јавноста. Сања во минатото отворено зборувала за љубовта со неврохирургот Томи Камилоски.

Во 2020 година, кога стануваше дел од „Брза кујна“, открива дека слободното време најмногу сака да го поминува со својот партнер. Раскажува дека сакаат прошетки во природа, возење мотор и патувања кога имаат можност. Партнерот го опишувала како нејзина голема поддршка во професионалните предизвици. Открила дека живеат мирен живот и дека се посветени на заедничките планови.

Јасно кажала дека не смета оти потписот во матично е гаранција дека двајца луѓе ќе останат заедно засекогаш. Според неа, многу поважни се љубовта, почитта и разбирањето.

Дали се разделиле со партнерот?

Никаде нема официјална потврда за разделба, со што ова станува една од најактуелните теми поврзани со нејзиниот приватен живот.

Во текот на 2026 година, медиумите повторно почнаа да ја следат нејзината љубовна приказна, особено откако таа престана да објавува заеднички фотографии со Томи.

На 11 ноември 2026 година, таа ќе објави нејзино видео на социјалните мрежи со натпис:

„Јас кога некој дечко ќе ми каже здраво“.

Во продолжение Сања се појавува со прашањето: „Зошто сум сингл?“ Нејзиниот коментар бил: „Шала на страна… Здраво“.

Претходно споделила и објави во кои на хумористичен начин зборувала за тоа дека сингл-животот може да биде одличен. Сето ова ќе предизвика шпекулации дека веројатно ставила крај на долгогодишната врска.

Но, дали има разлика меѓу она што го објавува и она што е навистина потврдено – останува мистерија зашто нема нејзина недвосмислена јавна изјава дека врската со Томи Камилоски завршила. Затоа, не може со сигурност да се тврди дека се разделиле, ниту пак се знаат за причините за евентуална разделба.

Семејството, внуците и животот надвор од телевизиските камери

Сања во интервјуата повеќепати нагласувала дека семејството ѝ е исклучително важно. Посебно ги споменува внуците Матеја и Михаил, со кои сака да го поминува слободното време. За нив секогаш зборувала со многу љубов, нагласувајќи дека од нив ја добива најчистата и најубава енергија.

Уште еден интересен детаљ од нејзиниот приватен живот е тој  штотаа е голем љубител на домашната атмосфера. Се присетила на семејните излети, домашните јадења на мајка ѝ, мирисот на печени кифли и колачи, како и вечерите кога целото семејство заедно ја гледало серијата „Подобар живот“.

Нејзината носталгија за тоа време е многу искрена. Посакала повторно да ги доживее неделите од детството, кога немало мобилни телефони, а семејството било во центарот на секојдневието.

„Животот не ме галел“ – емотивното признание за луѓето кои ја повредиле

Ова е можеби најличниот дел од нејзината биографија. На прашањето дали постои некоја животна борба што ја променила како личност, таа не сакала да навлегува во конкретни имиња и детали, но признала дека имало луѓе кои ѝ нанеле болка.

„Мене животот не ме галел, но не се жалам, тоа веројатно ме направило посилна“. Потоа објаснила дека болката ја доживеала од лоши и лажни луѓе, но дека не сака да се навраќа на негативните моменти. Посебно нагласила дека семејството секогаш било покрај неа и ѝ давало сила да продолжи понатаму.

Открила и една своја особина која ја смета за слабост: претераната емотивност. Рекла дека кога би можела нешто да промени кај себе, би сакала да биде помалку емотивна. Од друга страна, кога ќе се погледне наназад, сфаќа дека е многу поиздржлива и похрабра отколку што понекогаш мисли. Сепак никогаш не открила кои се луѓето што ја повредиле, ниту за какви конкретни неправди станувало збор… Ова, како и други од споменатите, но и сосема непознати детали можеби е сега подготвена за прв пат да ги открие во своето гостување во новото издание на интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“ кај Антонио Димитриевски.

Премиерата оди вечерва, СРЕДА,  25-ти ноември  со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

Фото: Архива /социјални мрежи

 

To top