Трансродовата старлета Алекс Кораќ, која речиси една година помина зад решетки поради сериозните обвинувања за уцена на познатиот фудбалер Вујадин Савиќ, од кого наводно барала дури 50.000 евра, е на слобода.
Откако три недели вешто криела од јавноста дека го напуштила затворот и дека во моментов се наоѓа под мерка електронски надзор со наногица, таа одлучи на прилично провокативен начин да го означи своето враќање на социјалните мрежи.

Имено, Алекс веднаш се огласи на својот Инстаграм профил каде објави серија фотографии со кои на следбениците им покажа како изгледа денес по затворските денови.
Најголемо внимание и лавина коментари предизвика фотографијата на која таа позира опуштено и насмеано додека гледа во својот телефон, а во апсолутен прв план е нејзиното длабоко и бујно деколте кое ги истакнува нејзините силиконски гради.

Иако во изминатиот период поминала низ тежок период поради тоа што официјално во документите сè уште се води како маж па била сместена во машкото одделение, нејзината најнова жешка објава покажува дека експресно се вратила во центарот на вниманието откако кауцијата за нејзината слобода ја платиле нејзиниот поранешен дечко и една блиска пријателка.
фото:Instagram printscreen/alex/koracc







