Приватниот живот на некогашниот прославен српски ватерполист Никола Раѓен повторно е во центарот на балканските медиуми, откако на површина исплива веста дека тој веќе неколку месеци ужива во нова, хармонична љубовна врска.
По двата брака зад себе – првиот со пејачката Ана Кокиќ и вториот со Милица Ристиќ, со кои има вкупно три деца – се чини дека спортистот повторно нашол причина за широка насмевка.
Она што најмногу ја заинтригира јавноста е фактот што неговата нова избраничка воопшто не е дел од естрадата ниту пак се занимава со јавна професија, што претставува огромна промена во однос на неговите претходни партнерки.
Раѓен одлучил оваа романса да ја чува строго подалеку од очите на медиумите и љубопитната публика, фокусирајќи се исклучиво на работата и приватниот мир.
фото:Printscreen/ Grand/ You tube







